📽️ ЈАМАЛ ВООДУШЕВИ МОМЧЕ ВО ИСТАНБУЛ Му ја подари тренерката пред мечот со Галатасарај
Младиот ас на Барселона со едноставен гест му приреди незаборавен момент на едно момче. Потоа забележа две асистенции во победата од 4:1.
Ламин Јамал му ја подари својата тренерка на едно момче непосредно пред натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Истанбул. Детето го замолило за тренерката, а шпанскиот фудбалер веднаш го исполнил неговото барање.
Јамал не постигна гол на натпреварот, но запиша две асистенции во победата на Барселона од 4:1.
🚨LAMINE YAMAL GIVES JACKET TO MASCOT LOOK HOW HAPPY HE IS😂 Lamine actually made his day https://t.co/rwu8QVD8Js
— OBI D (@OBIDdyrn) October 13, 2026