ИСПЛАТЕНИ СЕ 560 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БОЛЕДУВАЊА Фондот за здравство уверува дека нема неисплатени породилни надоместоци

Заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по основ на надоместоци за боледување, од кои: 420,3 милиони денари за надоместоци за породилно отсуство; 140,6 милиони денари за останати видови боледувања.

16

Фондот за здравствено осигурување во јули исплати повеќе од 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства, соопштија  денеска од ФЗО, откако имаше реакции од жени на породилно отсуство кои тврдеа дека нередовно им се исплаќа надоместокот.

Заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по основ на надоместоци за боледување, од кои: 420,3 милиони денари за надоместоци за породилно отсуство; 140,6 милиони денари за останати видови боледувања.






Исплатите се реализираа по следната динамика:

Датум Породилно     Останати боледувања
1–23 јули       111.000.000 денари     93.500.000 денари
24 јули       25.000.000 денари     24.000.000 денари
27 јули       198.000.000 денари     17.700.000 денари
28 јули        86.300.000 денари      5.400.000 денари

 

Ова велат од ФЗО претставува досега највисок износ исплатен во текот на еден месец за надоместоци по основ на породилно отсуство, што е уште една потврда за определбата на Фондот навремено да ги обезбедува средствата за остварување на правата на осигурениците.

Фондот информира дека нема застој во исплатата на породилните надоместоци.

-Кај породилното отсуство, единствен услов за започнување на исплатата е за првиот месец да биде извршена уплата на придонесите согласно законските прописи. По исполнување на овој услов, за секој нареден месец надоместокот се исплаќа веднаш по истекот на месецот на кој се однесува, по претходно спроведена административна обработка, стручна контрола и одобрување од надлежните служби на Фондот – велат оттаму.

Кај останатите видови боледувања, покрај административната обработка, контролата и одобрувањето на предметите, законски предуслов за исплата е да биде извршена уплата на придонесите за месецот за кој се исплаќа надоместокот.

-Поради оваа законска обврска, во поединечни случаи може да дојде до пролонгирање на исплатата. Ова не се однесува на породилните отсуства, каде што по првата реализирана исплата постапката се одвива континуирано – велат од Фондот.

 

Поврзани содржини