🎥 СЕВЕРИНА ГО ПОКАЖА ЗАДНИКОТ ВО ФУСТАН ОД ГУЧИ Некои од обожавателите се сомневаат во веродостојноста на фотографијата на регионалната музичка ѕвезда

Северина објави серија фотографии на кои е во провокативен црн фустан со длабоко деколте на грбот кое ѝ го открива задникот, а на дел од обожавателите кои се посомневаа дека фотографијата е дело на вештачката интелигенција, им одговори: „Не е AI“

0

Северина по подолга пауза подготвува нова музика за своите обожаватели. Последната песна што ја објави беше синглот „Pumpaj, Seve brate“ во април минатата година, а сега најави дури три нови песни.

Пејачката со доза хумор порача дека новите нумери се наменети за „нас диносаурусите и нашите потомци“.






Првата песна, „Nisam kriva ja“, односно, („Bezosjećajna“). Следи „Pozovi me ti“ („Anksiozna“), и третата, под називот „Svirajte mi ‘Rađaj sinove’“ („Savršena“).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Ни за жива глава немој да помислиш дека сум онаа вистинската… – напиша Северина, најавувајќи дел од стиховите на првата песна.

Но, покрај музичката најава, вниманието на јавноста го привлече и нејзиниот стајлинг, во црн фустан кој со длабокиот изрез на грбот потсетуваше на фустанот на Гучи во кој славната 52-годишна манекенка Кејт Мос се прошета по пистата на модната недела во Милано оваа пролет.

Имено, за фотографиите објавени на социјалните мрежи Севе позираше во црн фустан со отворен грб и впечатлив крој, кој откриваше повеќе отколку што сокриваше.

Фотографиите за кратко време собраа илјадници реакции и коментари.

На некои од обожавателите кои се сомневаа во веродостојноста на фотографиите, пишувајќи дека станува збор за фотографии креаирани од вештачка интелигенција, Северина само кусо им одговори: „Не е AI“.

Судејќи според реакциите, повеќето од нејзините обожаватели беа воодушевени од стајлингот, но имаше и такви кои мислеа дека овојпат претерала и дека е тоа едноставно, невкусно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини