ДОШОЛ ДА СМИРИ ТЕПАЧКА, ЗАВРШИЛ СО УБОДНА РАНА Млад скопјанец повреден кај „Фонтана“, полицијата трага по напаѓачот

Mладиот скопјанец се обидел да раздели физичка пресметка меѓу неколку лица, кога едно од нив го нападнало со остар предмет.

0

Дваесет и четиригодишен скопјанец е повреден со остар предмет во инцидент што се случил рано утринава кај „Фонтана“ на подрачјето на Општина Центар во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска, во 01:27 часот, во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ има повредено лице со остар предмет.






Полициските службеници веднаш излегле на местото, каде што го затекнале Н.Н. (24) од Скопје со двајца негови другари. Според неговата изјава, на локацијата избувнала физичка пресметка меѓу неколку лица, а тој се обидел да ги раздвои учесниците. Во тој момент, едно од лицата му нанело убодна рана со остар предмет.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани содржини