ИМАМЕ 1,5 МИЛИОНИ РАБОТОСПОСОБНИ ЛИЦА Работат 46% од нив, каде се другите
Бројот на активно население во земјава е 796.733 лица кои се на возраст од 15 до 89 години. Од нив вработени се 698.411, а 98.322 лица се невработени.
Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12,3%, а стапката на вработеност изнесува 46,1%, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на активно население во земјава е 796.733 лица кои се на возраст од 15 до 89 години. Од нив вработени се 698.411, а 98.322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52,6%.
Најголем број или 142.365 луѓе работат во преработувачката индустрија.
Во земјава има 1.515.193 работоспособно население на возраст од 15-89 години.