МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВО ПОГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА В ПОНЕДЕЛНИК Со досегашните мерки Македонија има до 50 центи пониска цена на горивата од регионот

Последната цена на дизелот во Македонија е 1,31, а на бензините 1,36.

1

Од 20 до 50 евро центи е поевтино горивото што го точат граѓаните кај нас и граѓаните во земјите од регионот, а тоа е резултат на мерките и политиките на владата изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања.

-Во Србија ако денеска наточите литар гориво, цената е 1,85 евра по литар, а за 95 октански бензин е 1,63 евра по литар. Ако појдете во Хрватска, таму во зависност дали точите во градовите или на автопат, цената за нафта денеска се движи од 1,59 евра до 1,85 евра по литар, а за бензинот цената е 1,57 до 1,73 по литар. Во Словенија дизелот можете да го купите за 1,72, а безоловниот 1,60. Ако продолжете понатаму и стигнете до БиХ таму дизелот ќе го купувате за 1,50 евра, а безоловниот бензин за 1,46. Во Црна Гора дизелот ќе го купувате за 1,55 евра, а безоловниот бензин за 1,59 евра. И потоа во Македонија, дизелот ќе го купите за 1,31, а безоловниот ќе го купите за 1,36 – рече Мицкоски.






Според него, тоа е резултат на претприемачката логика со која се води владата.

– Начинот на кој што размислувавме беше сите оние изгубени даноци, бидејќи го намаливме данокот на додадена вредност и акцизите, да ги амортизираме со зголемена количина на продажба. И во тоа успеавме, бидејќи многу граѓани од Србија, Албанија, Грција доаѓаа кај нас и постоеја денови кога до 50 проценти беше зголемен конзумот на горивата кај нас. Ако внимателно следевте како ги читам цените, ќе забележете дека ние сме единствената земја каде што дизелот е поевтин од безоловниот – рече Мицкоски.

Тој рече дека не се планираат дополнителни мерки, бидејќи цените на нафтата паѓаат

– Очекуваме сега во понеделник, ако вака продолжат да паѓаат, уште едно уште поголемо намалување на цените на бензините и дизел горивото и на тој начин полека но сигурно да се вратиме на оние цени кои што беа кон крајот на февруари месец оваа година. И со тоа очекуваме дел од транспортните компании да ги вратат цените- рече  Мицкоски.

Поврзани содржини