ИЛИНДЕНСКИТЕ ИДЕАЛИ СЕ ПРЕТОЧУВААТ ВО АВТОПАТИ Вицепремиерот Николоски најави најголем инвестициски циклус во инфраструктурата

Македонија гради шест автопати и се подготвува за почеток на работите на Коридорот 10, објави Александар Николоски во Крушево на Илинден.

2

Во илинденската порака од Крушево, вицепремиерот Александар Николоски порача дека најголемата почит кон идеалите на илинденците денес се покажува преку инвестиции, инфраструктура и развој на државата.

„Илинденските идеали денес се преточуваат во изградба на модерна и развиена држава, а Македонија во моментов реализира најголем инфраструктурен инвестициски циклус досега“, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќањето од Крушево по повод 2 Август – Илинден.






Според него, во земјава во моментов се градат шест автопати, продолжуваат работите на железницата на Коридорот 8, а наскоро треба да почне и изградбата на железничката делница на Коридорот 10. Николоски посочи и дека се реализираат повеќе од 1.200 општински проекти, како и инвестиции во аеродромската инфраструктура.

Тој рече дека Охридскиот аеродром целосно се реконструира и надградува, додека скопскиот аеродром, според него, бележи најголем раст во југоисточна Европа. Додаде дека Владата ќе продолжи со ваквото темпо на инвестиции, оценувајќи дека токму развојните проекти се најдобрата гаранција за посилна и поразвиена држава.

Во празничната порака, Николоски нагласи дека Илинден е симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и државност. Тој го посочи историскиот континуитет од преродбата, преку Илинденското востание и АСНОМ, до прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 година.

Поврзани содржини