ХОТЕЛИТЕ ВО СКОПЈЕ НУДАТ БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ Еве на кој број може да се обратат граѓаните

Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120, истакна градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовси.

611

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.

„Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120″, истакнува Герасимовски.






 

Поврзани содржини