ГРЕНЛАНД ИМА ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ Брисел остро ги осуди плановите на Трамп и застана зад Данска

Принципите на почитување на националниот суверенитет се универзални и ЕУ нема да престане да ги брани, дотолку повеќе што во прашање се доведува територијалниот интегритет на нејзина земја членка, истакна портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Анита Хипер.

212

Европската Унија во повеќе наврати го изрази својот јасен став околу изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, поврзани со данската автономна територија Гренланд, истакна денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Анита Хипер.






– ЕУ ќе продолжи да ги поддржува принципите на почитување на националниот суверенитет, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите и на Повелбата на ОН – изјави Хипер во одговор на новинарско прашања за ставот на Унијата за вчерашните изјави на Трамп дека „смета оти ќе се случи“ анексија на Гренланд од страна на САД.

Хипер нагласи дека овие принципи се универзални и дека ЕУ нема да престане да ги брани, дотолку повеќе што во прашање се доведува територијалниот интегритет на нејзина земја членка.

– Европската Унија целосно го поддржува Кралството Данска – додаде Хипер.

ТРАМП ПОВТОРНО ЗБОРУВА ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД Доста е веќе, му порача премиерот Егеде на претседателот на САД

Поврзани содржини