ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ, ПРИВЕДЕНИ 11 ЛИЦА Полицијата ги расчистува скопските улици од дрога
Во полициска акција на повеќе локации во Скопје, приведени се 11 лица на возраст од 19 до 48 години, кај кои била пронајдена различна дрога.
Скопската полиција во текот на 16 и 17 јуни спровела координирана акција на повеќе локации низ градот, при што се лишени од слобода 11 лица кај кои била пронајдена дрога, соопшти СВР Скопје.
Приведените се на возраст од 19 до 48 години и се од Скопје, скопските села Сопиште, Катланово и Челопек во тетовскиот регион. Кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана, кои биле веднаш одземени.
Од полицијата информираат дека приведувањата се извршени на различни локации во градот, во рамки на засилени контроли насочени кон сузбивање на уличната трговија со дрога.
По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.