ГИ МОЛИ САЛАХ И ВАН ДАЈК ДА ОСТАНАТ, АМА ГИ ПРОДАВА НУЊЕЗ И ЖОТА Менаџерот на Ливерпул го реновира тимот

На големо се шпекулира дека Диего Жота се враќа во Вулверхемптон бидејќи за него нема место на „Енфилд“, а клубот ќе се обиде да го доведе Чави Симонс од Лајпциг. Цената на Холанѓанецот е околу 70 милиони евра.

350

Ливерпул во следниов период ќе се концентрира на Премиер лигата и што побрзо да освои 16 бода во преостанатите девет кола и математички да ја обезбеди 20-та титула.

Според медиумите на Островот, менаџерот Арне Слот ги засукал ракавите и веќе направил конкретен план со спортскиот оддел за реновирање на играчкиот кадар. Според информациите, холандскиот стручњак направил значаен потег за да ги натера Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах да ги преиспитаат своите понуди за продолжување на соработката. На „Енфилд“ дури има оптимисти дека искусните асови ќе ја продолжат верноста кон клубот.






Од друга страна, Ливерпул реши да најде нов напаѓач. Дарвин Нуњез е на продажба и се смета дека Слот има 100 милиони фунти за нов напаѓач. Виктор Осимен, Душан Влаховиќ, а можеби и Хари Кејн се на мета…

На големо се шпекулира дека Диего Жота се враќа во Вулверхемптон бидејќи за него нема место на „Енфилд“, а клубот ќе се обиде да го доведе Чави Симонс од Лајпциг. Цената на Холанѓанецот е околу 70 милиони евра.

Ќе се бара и нов десен бек бидејќи со сигурност ќе си замине Трент Александер-Арнолд, а прв пик на Слот за левата бековска позиција е Милош Керкез од Борнмаут. Кога ќе додадеме дека Георги Мамардашвили на лето пристигнува од Валенсија на местото на голманот Алисон Бекер, тимот на „црвените“ ќе претрпи големи промени за претстојната сезона.

Поврзани содржини