ФАТИЈА ДА КРАДАТ И ПРЕТЕПАА ЛУЃЕ Велешани украле возило во Велес, па ограбувале куќа во Струмица

Еден од крадците бил баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“.

529

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 11 часот ги лишиле од слобода Б.Д. (24) и С.У. (23), двајцата од Велес, осомничени за обид за кражба и физички напад врз две лица во Струмица.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 25 април околу 09:15 часот, Б.Д. и С.У. биле затекнати во моментот кога се обидувале да извршат кражба од подрумска просторија во куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица. За време на обидот, физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото на настанот.






По преземени мерки, двајцата биле пронајдени и приведени во Полициската станица Струмица. Во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица е извршено препознавање, а при службен разговор осомничените признале дека претходно сториле уште едно кривично дело – „одземање на моторно возило“ на подрачјето на Велес.

Дополнително, било утврдено дека Б.Д. бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Во текот на денот против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд Струмица.

Поврзани содржини