ЕВРОПА Е СПРЕМНА ДА ЈА БРАНИ УКРАИНА Руте го посочи заклучокот од состанокот во Париз

Европа е подготвена и има волја да се активира, да преземе иницијатива за да ѝ овозможи безбедносни гаранции на Украина, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

282

Европа е подготвена да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по вчерашната вонредна средба за Украина во Париз.

„Европа е подготвена и има волја да се активира, да преземе иницијатива за да ѝ овозможи безбедносни гаранции на Украина“, рече Руте на социјалната мрежа Икс, истакнувајќи дека тоа е клучниот заклучок од состанокот што го организираше претседателот на Франција, Емануел Макрон.






Дополнително, во својата објава, Руте ја истакна потребата од дополнително дефинирање на деталите, но увери дека обврските се јасни.

Поврзани содржини