Египќаните се фундаментален дел од мултиетничка Македонија

Египќаните не се соодветно и правично застапени во институциите на системот. За нив како да не важи Охридскиот Рамовен договор, во одредени ситуации се стигматизирани, сегрегирани и дискриминирани. Оваа состојба се нотира и во извештаите на Советот на Европа и од страна на самата Европска Унија, за жал.

0

Припадниците на посебната, автентична и автохтона заедница Египќани во Македонија, се нераскинлив дел од македонската држава, тие се клучно поврзани со неа како нивна единствена татковина, и како такви се нераскинлив и фундаментален дел од мултиетничка Македонија.

Египќаните се исклучително лојални кон државата Македонија и кон нејзините институции. Тие се мирољубиви и познати како големи работници, кои придонесувале кон развојот на локалната заедница, соживотот и развојот на кохезивноста и демократските процеси во целата држава.






Иако исклучително лојални, Египќаните свесно или несвесно се „игнорирани“ уште од осамостојувањето на Македонија. Припадниците на етничката заедница Египќани се цел на т.н. „тивка асимилација“ од одредени центри на политичка моќ, кои сакаат и имаат за цел да ги претопат Египќаните во други етникуми. Во заедницата на Египќаните се активираат продуктивни демократски сили, кои се борат да ги внесат Египќаните во Преамбулата на Уставот, демократска борба која трае до ден-денес.

Египќаните не се соодветно и правично застапени во институциите на системот. За нив како да не важи Охридскиот Рамовен договор, во одредени ситуации се стигматизирани, сегрегирани и дискриминирани. Оваа состојба се нотира и во извештаите на Советот на Европа и од страна на самата Европска Унија, за жал.

Во последните 2 години, благодарение на добрата волја и поддржување на концептот за инклузија и мултиетничност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, проф. д-р Христијан Мицкоски, започна процесот на демаргинализација и етапна институционална интеграција на Египќаните. Во тој процес, голема улога одигра и учеството на НГИ „Коалиција на Египќани“ во коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.

Ставот на НГИ „Коалиција на Египќани“ околу уставните измени е државнички и конзистентен – прво зачувување на македонските национални интереси, па дури потоа евентуални уставни измени.

Со тоа уште еднаш на највисоко ниво се пресликува лојалноста на египќанскиот кампус кон нивната единствена татковина Македонија, а дури потоа се бара исполнување на врвните приоритети на Египќаните. Ваквата политичка позиционираност кај египќанскиот етникум е нова политичка компонента, која има свој вредносен систем, бидејќи се солидаризира со мнозинскиот елемент во државата, а тоа е македонскиот народ, неговата историја, јазик, идентитет, што е додадена вредност за развојот на идните комлексни политички процеси.

Токму поради горенаведеното Египќаните заслужуваат врз нив да се применува концептот на „позитивна дискриминација“ и да им се даде фер шанса за да можат уште повеќе да придонесат кон развојот и просперитетот на нашата заедничка татковина Македонија.

(Авторот е лидер на НГИ „Коалиција на Египќани“)

 

Поврзани содржини