📷 ЌЕРКИТЕ НА УАПСЕНИОТ ДИДИ ПРОСЛАВИЈА МАТУРА Близначките лудо се забавувале на журката
Ќерките близначки на музичкиот магнат Шон Диди Комбс, Д'Лајла и Џеси Комбс, ја прославија матурската вечер појавувајќи се во идентични фустани, а нивното расположение беше на завидно ниво, иако судењето на нивниот татко сè уште е во тек.
Ќерките близначки на музичкиот магнат Шон Диди Комбс, Д’Лајла и Џеси Комбс, ја прославија матурската вечер појавувајќи се во идентични фустани, а нивното расположение беше на завидно ниво, иако судењето на нивниот татко сè уште е во тек.
View this post on Instagram
Имено, близначките кои јавно го поддржаа својот татко на судот во Менхетен, но и повеќепати ја напуштија судницата во текот на судењето бидејќи не можеа да ги поднесат деталите што ги презентираа сведоците, се појавиле последни на прославата на матурата, а кога еден школски другар ги прашал зошто, тие кратко одговориле:
– Забавата не почнува додека ние не влеземе. Најдоброто го оставивме за крај – рекле познатите близначки кои нивните партнери ги буквално ги внеле на раце на забавата.
View this post on Instagram
Близначките навистина пленеле во црвените тоалети долги до подот, со голи рамена и грбови, а судејќи според нивните објави на социјалните мрежи, тие лудо се забавувале.
Да потсетиме, нивната мајка, Ким Портер, почина во 2018 година, а во текот на љубовната врска со уапсениот рапер, таа го доби и синот Кристијан, а од претходна врска, Портер го доби и синот Квинси.
Додека девојките уживале во матурската забава, судењето на озлогласениот хип-хоп могул Шон Диди Комбс, кој беше уапсен минатиот септември и обвинет за сексуален напад, проституција и рекетирање, започна на 12 мај и сè уште трае. На судењето како сведоци се појавија многумина, вклучувајќи ја и неговата поранешна партнерка Каси Вентура, која беше брутално претепана од Диди во хотелот, како и член на обезбедувањето кое, наводно, Диди се обидел да го поткупи за да молчи за сè.
Исто така, според обвинението од 2024 година, раперот е обвинет дека го користи својот статус за да ги намами жените и да ги принуди да учествуваат на „freaks off“ забавите каде што се случувале бизарни работи, но раперот сè уште ги негира сите обвинувања.