ПОЧИНА СОПРУГАТА НА ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ ЕГЗИТ Ивана ја загуби борбата со тешката болест

Тажната вест беше објавена на официјалната Инстаграм страница на фестивалот Егзит во Нови Сад.

2,733

Почина Ивана Ковачевиќ, сопругата на основачот на фестивалот Егзит, Душан Ковачевиќ.

Ивана почина на 44-годишна возраст по борбата со тешка болест.






„Засекогаш нашата најсјајна ѕвезда. Постојат луѓе кои не само што оставаат трага – тие стануваат светлината што ја следиме. Ивана е токму тоа. Еден од столбовите на семејството Егзит, инспирација… Со својата насмевка, енергија и огромна љубов, и кон нејзиното семејство и кон секој член на оваа голема заедница на Егзи, таа беше повеќе од дел од тимот – нејзината душа ја одразуваше суштината на сè што правиме и кои сме“, се вели во соопштението на тимот на Егзит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EXIT Festival (@exitfestival)


Ивана Ковачевиќ доби два сина и една ќерка во бракот со Душан.

Минатата година на Ивана ѝ бил дијагностициран сериозен здравствен проблем, поради што започнала со лекување. Ивана била позната по својата неуморна животна енергија со која ги плени и инспирирала сите околу неа.

Поврзани содржини