НЕ Е ПОЗНАТО ШТО СЕ СЛУЧИЛО ЗАД РЕШЕТКИТЕ Паф Деди итно пренесен на лекар по повреда на главата, но брзо е вратен во затворот
Шон „Диди“ Комбс бил пренесен со возило на итната помош од затворот во Њу Џерси по повреда на главата. Според американските медиуми, повредата не била опасна по живот, но засега не е познато како настанал инцидентот.
Шон „Диди“ Комбс повторно е во центарот на вниманието поради случувањата зад затворските решетки. Поранешниот музички могул, кој издржува затворска казна во федералниот затвор ФЦИ Форт Дикс во Њу Џерси, во саботата (10.10) рано наутро бил пренесен со возило на итната помош поради повреда на главата, објавија американските медиуми.
Според информациите што ги објави ТМЗ, возилото го напуштило затворскиот комплекс околу еден часот по полноќ. Не е потврдено во која болница бил однесен раперот, ниту колку долго траел лекарскиот преглед. Извори запознаени со случајот тврдат дека повредата не била опасна по живот и дека Комбс бил свесен и можел нормално да комуницира кога се вратил во затворот, пред зори.
Засега нема официјално објаснување како се повредил, ниту дали на инцидентот му претходела расправија или некој друг настан. Неговиот претставник изјавил дека се обидуваат да ги потврдат околностите и дека здравјето на Комбс им е најважно. Од затворската управа не биле објавени детали.
Наводите за привилегии во затворот
Здравствениот инцидент се случува во период кога престојот на Комбс зад решетките е проследен со медиумски извештаи за наводни привилегии што ги имал во затворот. Во написите се споменуваат масажи, алкохол, недозволен мобилен телефон и таблет со кој наводно можел да пристапува до содржини што не им се дозволени на затворениците.
Се појавија и тврдења дека други затвореници му подготвувале посебни оброци и му помагале со одржувањето на ќелијата. Според претходни извештаи, во јули Комбс наводно учествувал и во физичка пресметка со друг затвореник.
Поради извештаите за наводните поволности, неговиот датум за излегување од затвор бил поместен. Според актуелните медиумски информации, наместо во јануари 2028 година, тој би можел да биде ослободен на 2 март 2028 година.
За кои дела е осуден Диди?
Комбс во октомври 2025 година беше осуден на четири години и два месеца затвор откако поротата го прогласи за виновен по две точки од обвинението што се однесуваа на превезување лица со цел проституција. Тој не беше прогласен за виновен по најтешките обвиненија со кои се соочуваше, меѓу кои беа рекетирање и организирање криминална активност, како и обвиненија поврзани со сексуална експлоатација.
Случајот против поранешниот музички магнат предизвика големо внимание во јавноста, а неговиот живот во затвор продолжува да биде предмет на медиумски интерес.