НОВА СРЕЌА ПО РАЗВОДОТ Жизел Бундхен разнежни со ретки семејни моменти
Во пресрет на првата годишнина од бракот со инструкторот по џиу-џицу, Жоаким Валенте, бразилскиот супермодел Жизел Бундхен сподели серија ретки семејни фотографии. Особено се издвојуваат моментите во кои нејзиниот најмлад син е во друштво на постариот брат и сестра, од бракот со Том Брејди.
Четири години по разводот од славниот американски фудбалер Том Брејди, бразилскиот супермодел Жизел Бундхен живее сосема поинаков живот. Колку ужива во секојдневието со вториот сопруг, 39-годишниот инструктор по џиу-џицу Жоаким Валенте, и трите деца, покажа со серија фотографии што ги објави на Инстаграм по повод Денот на благодарноста.
Славната 46-годишна Бразилка, која досега успешно го држеше најмладиот син подалеку од медиумското внимание, овојпат направи исклучок. На првата фотографија од серијата таа е на песочна плажа и го крева синчето во воздух. Тешко е да не се забележи колку момчето со својата кадрава руса коса личи на славната мајка. На една од фотографиите Жизел го држи синот во раце додека го бакнува сопругот во образ, а го овековечила и моментот кога Валенте, држејќи го момчето за рака, шета по плажата на зајдисонце.
Особено симпатични се фотографиите на кои се собрани сите нејзини деца – 16-годишниот Бенџамин, 13-годишната Вивијан и нивниот помлад полубрат. Девојчето нежно го гушка и бакнува малото братче, а и Бенџамин одлично се снаоѓа во улогата на грижлив постар брат.
– Благодарноста е заразна – напиша славната манекенка во објавата, потсетувајќи ги следбениците колку е важно да ги забележуваат убавите нешта во секојдневието.
View this post on Instagram
Фотографиите ги објави само една недела пред првата годишнина од бракот со Валенте, за кого се омажи лани во декември на интимна церемонија. Како што пишува американското списание „Пипл“, на нивната љубовна врска ѝ претходело пријателство, а заедно се од јуни 2023 година. Во февруари 2025 година го добија синот, чие целосно име сè уште не ѝ го откриле на јавноста.
Колку ѝ значи мажот со кого повторно ја пронајде љубовта по разводот, Жизел покажа и на почетокот на ноември, кога јавно му го честиташе 39. роденден.
– Колку сум само среќна. Многу те сакам! – му порача тогаш покрај заедничка фотографија.