МАЈКАТА НА ПОКОЈНИОТ АКТЕР СО ЕМОТИВНИ ПОРАКИ ЗА ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА „Направив сѐ што сакаше ти, но ништо не е исто“
Семејството на ѕвездата од „Брејкинг Бед“ го одбележа првиот Ден на благодарноста без него, споделувајќи фотографии и емотивни пораки. Мајка му откри дека ги подготвила неговите омилени јадења, а сестра му објави фотографија од нивното детство.
Мајката на американскиот актер Р.Ј. Мити, Дина, и неговата сестра Ласијан го одбележаа првиот Ден на благодарноста без него, споделувајќи спомени од актерот кој почина на 34-годишна возраст во октомври.
Дина на Инстаграм објави фотографија на која е заедно со синот и ќерката. Покрај неа напиша:
– Ми недостигаш на овој Ден на благодарноста. Но ги подготвив сите твои омилени јадења. Потоа, покрај објавата на уште една фотографија на починатиот актер, таа додаде:
– Мое мило момче, Р.Ј. Мити, денес ми беше неверојатно тешко. Ова е првиот празник без тебе. Имаме толку многу прекрасни спомени. Го подготвив твојот омилен прилог, како што секогаш правам, но не беше исто без тебе, кој незабележливо се прикрадуваше за да украде по некое залче. Многу ми недостигаат твојата прекрасна насмевка и бескрајните приказни што ги раскажуваше. Празниците никогаш повеќе нема да бидат исти. Те сакам до крајот на времето.
View this post on Instagram
Нејзината порака предизвика бројни реакции и пораки со поддршка од следбениците, кои му оддадоа почит на актерот познат по улогата на Волтер „Флин“ Вајт Помладиот во серијата „Брејкинг Бед“.
Сестра му Ласијан, пак, објави фотографија од нивното детство.
– Благодарна сум за времето што го поминав со тебе. Ми недостигаш – напиша таа, додавајќи ја песната „Wish You Were Here“ на „Пинк Флојд“.
View this post on Instagram
Мити почина на 12 октомври, на 34-годишна возраст. Неговата смрт предизвика бројни реакции од колегите и пријателите, меѓу кои и актерите од серијата „Брејкинг Бед“.
Брајан Кренстон, кој го играше неговиот татко Волтер Вајт, откри дека неколку недели пред смртта разменувале пораки и планирале да се сретнат на ручек.
– Ќе ми недостигаш, сине – напиша Кренстон во својата порака.
Арон Пол, кој го толкуваше Џеси Пинкман, исто така му оддаде почит:
– Р.Ј., те сакам, пријателе мој. Ќе ни недостигаш.
Р.Ј. Мити беше најпознат по улогата на Волтер „Флин“ Вајт Помладиот во сите пет сезони на серијата „Брејкинг Бед“, која се емитуваше од 2008 до 2013 година. Актерот имаше церебрална парализа, како и неговиот лик, а во текот на кариерата се залагаше за поголема застапеност и инклузија на лицата со попреченост.
View this post on Instagram