📽️ ЛУЃЕТО СЕ ЗГРОЗИЈА ОД ПОТЕГОТ НА МИС БОЛИВИЈА Убавицата заборави на камерите и стана хит на интернет

Поради виралната снимка од изборот во Порторико, манекенката мораше да го објасни неочекуваниот потег пред камерите кој ги згрози луѓето.

5

Претставничката на Боливија на годинашниот избор за Мис Универзум, Валерија Мена Фереира, стана една од најкоментираните учеснички на натпреварот, но не поради својот настап на сцената. Кратка видеоснимка од натпреварот во Порторико се прошири на социјалните мрежи, откако камерите забележаа неочекуван потег на манекенката.

Додека претставничката на Мексико дава интервју, во заднина се гледа Мена, која очигледно не забележа дека е во кадар. Таа посега по увото со прстот, а потоа го приближува до устата. Снимката трае само неколку секунди, но беше доволна за да предизвика бројни реакции.






Дел од корисниците на социјалните мрежи се пошегуваа дека мисицата го изела ушниот восок, а некои не можеа да поверуваат дека таков момент се случил пред камерите на голем меѓународен натпревар за убавина.

– Мис Боливија, девојко, што беше ова?! – напиша еден корисник на платформата Икс, каде што снимката брзо се прошири.

По бројните коментари, Мена се огласи на социјалните мрежи и објасни дека увото почнало да ѝ крвари. Таа тврди дека го ставила прстот во устата за да не го извалка фустанот со крв.

Од самата видеоснимка не може со сигурност да се утврди што имало на нејзиниот прст, па останува да ѝ се верува на нејзиното објаснување за необичниот момент.

Валерија Мена доаѓа од боливискиот град Оруро, а националната титула ја освои во јули годинава. Дипломирала бизнис-администрација со високи академски почести, а се образувала и во областа на модниот дизајн.

На годинашниот избор за Мис Универзум, одржан во Сан Хуан, Порторико, учествуваа 116 натпреварувачки. Боливијката не успеа да се пласира меѓу 30-те полуфиналистки, а титулата ја освои претставничката на домаќинот, Џенифер Барето.

 

 

 

 

Поврзани содржини