📽️ ПЕЈАЧКАТА ГОЛА, ЌЕРКАТА СО ПЕЛЕНА Ријана во нова кампања на „Диор“ со најмалата ќеркичка и култната ташна

Пејачката е главното лице на кампањата за чантите „Лејди Диор“ за 2027 година, во која модата ја спојува со мајчинството. Во видео објавено на социјалните мрежи, Ријана позира без облека, додека ја држи најмалата ќерка Роки и ја покрива долната половина од телото со култната црна чанта.

1

Ријана повторно привлече внимание со необична модна кампања. Пејачката се појавува гола во новата реклама на „Диор“, држејќи ја во рацете својата најмлада ќерка, Роки Ајриш Мајерс. Малата црна чанта „Лејди Диор“ е единствениот моден додаток во кадарот, а истовремено ја покрива долната половина од нејзиното тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)






Кампањата за 2027 година ја поврзува високата мода со мајчинството. Во фотографиите и видеото, Ријана и малата Роки се појавуваат заедно, а во дел од кадрите пејачката ја држи ќерка си во прегратка. На други фотографии, мајката и ќерката носат усогласени црни кожни јакни, со чанта во нежна розева боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Креативното водство на кампањата го има Џонатан Андерсон, фотографиите ги направил Сем Рок, а видеото е во режија на Мелина Мацукас. Рекламата е придружена со музика на нигерискиот музичар Фела Кути. Кампањата ја прикажува Ријана не само како модна икона, туку и како мајка, со фокус на различните страни од нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

Новата соработка е продолжение на долгогодишната врска на Ријана со француската модна куќа. Таа стана амбасадорка на „Диор“ во 2015 година, а во 2024 година беше избрана за лице на парфемот „Жадор“, наследувајќи ја Шарлиз Терон.

По објавувањето на кампањата, на социјалните мрежи се појавија различни реакции. Додека дел од публиката го пофали спојот на модата и мајчинството, други ја доведоа во прашање одлуката малото дете да се појави во реклама со голотија. Ријана засега не се осврнала јавно на критиките.

Поврзани содржини