ПЕЈАЧОТ НА А-ХА ЖИВЕЕЛ СО ПАРКИНС 30 ГОДИНИ БЕЗ ДА ЗНАЕ „Сè уште сум тука, сè уште сум јас“

Пејачот на норвешкиот бенд „А-ХА“ вели дека лекарите веруваат оти Паркинсоновата болест можеби се развивала кај него три децении пред да ја добие дијагнозата. За првпат забележал дека нешто не е во ред во 2022 година, а за болеста јавно проговори во 2025 година.

3

Мортен Харкет, 67-годишниот пејач на норвешката група „А-ХА“, во ново интервју открива како живее со Паркинсоновата болест и дека лекарите сметаат оти можеби ја имал околу 30 години пред да му биде дијагностицирана. Харкет за „Тајмс“ раскажа дека првите знаци ги забележал во јануари 2022 година, кога му станало тешко да ја држи четката за заби.

По лекарските прегледи му била потврдена дијагнозата.






– Основните знаци биле таму, но јас надоместував со други делови од мозокот – вели пејачот, објаснувајќи дека болеста често се открива дури кога влошувањето ќе достигне критична точка.

Дијагнозата ја добил непосредно пред светската турнеја на „А-ха“ во 2022 година, но првично не им кажал на колегите. Неговиот глас, како што вели, во почетокот бил во добра состојба, но лековите предизвикувале замор и силна анксиозност. На членовите на групата им ја открил вистината на половина од четиримесечната турнеја.

 

Харкет ги опишува и емоционалните промени што му се особено тешки. Понекогаш ненадејно почнува да плаче или да се смее, а чувствата му изгледаат како да се туѓи.

– Тешко е кога чувствуваш дека го губиш тоа што си – вели тој. Додава дека не чувствува огорченост и сака луѓето да разберат дека болеста не го избришала неговиот идентитет:

– Сè уште сум тука. Сè уште сум јас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Morten Harket (@mortenharket)

Во јуни 2024 година Харкет бил подложен на длабока мозочна стимулација во клиниката „Мејо“, а во декември истата година имал уште една операција на мозокот. Сега, како што објаснува, лекувањето бара внимателно усогласување на терапијата и нејзините несакани ефекти. Болеста му ги нарушила и сетилата за мирис и вкус.

И покрај здравствените предизвици, Харкет работи на соло-албумот „Human Grace“. Во интервјуто зборува и за тоа колку му значи поддршката од неговиот 94-годишен татко, чиј практичен пристап кон стареењето и болеста му помогнал да се справи со дијагнозата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Morten Harket (@mortenharket)

Поврзани содржини