📽️ ПРВА МАЈКА ВО ИСТОРИЈАТА НА ИЗБОРОТ НА МИС УНИВЕРЗУМ Запознајте ја новата кралица на убавината, Порториканката Џенифер Барето

Џенифер Барето е избрана за нова кралица на убавината на финалето на изборот кој се одржа во Сан Хуан, Порторико. Нејзината победа е историска и по тоа што е првата мајка која ја освоила оваа титула.

1

Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум. Таа победи на јубилејното, 75. издание на изборот за убавина, одржано во Сан Хуан, Порторико, и влезе во историјата како првата мајка што ја освоила престижната титула.

Барето има 27 години, по професија е психолог и социјална работничка, а мајка е на ќерката Пенелопе. Таа ја доби круната од минатогодишната победничка, Мексиканката Фатима Бош, на свеченоста на која учествуваа претставнички од целиот свет.






Победата е особено значајна бидејќи изборот во последните години ги промени правилата, дозволувајќи им на мажените жени и мајките да се натпреваруваат. Барето ја искористи можноста и стана првата жена со дете што ја освоила титулата во историјата на Мис Универзум.

 

Новата кралица на убавината ја освои и раскошната круна „Сјајот на вечното наследство“, изработена од 18-каратно бело злато и украсена со 3.150 дијаманти. Таа беше претставена како дел од одбележувањето на 75-годишнината на изборот.

Во финалната петорка, покрај победничката од Порторико, се пласираа и претставничките на Доминиканската Република, Венецуела, Филипините и Нов Зеланд. Првата придружничка беше Мелиса Нуњез од Доминиканската Република, а втората Клара Вегас од Венецуела.

Барето во финалниот круг беше прашана што му е најпотребно на светот од неговите лидери во моментов. Таа одговори дека на светот му се потребни лидери со емпатија, кои ќе ги почитуваат своите вредности, ќе бидат пример за другите и ќе ги слушаат потребите на заедниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Barreto (@jenniferbarretopr)

Пред да стане Мис Универзум, Џенифер Барето имала сосема поинаква професионална кариера. По студиите по психологија и клиничка социјална работа, работела во програми за поддршка на воени семејства во САД, помагајќи им на жртвите на семејно насилство и злоупотреба на деца. Во 2021 година започнала да работи како специјалистка за превенција, а во светот на изборите за убавина влегла дури во 2025 година, кога почнала да се подготвува за Мис Универзум Порторико.

Барето е висока 180 сантиметри, а во средношколските денови играла одбојка.

Нејзината седумгодишна ќерка Пенелопе била меѓу најголемите поддржувачи на мајка си за време на натпреварувањето. Девојчето ја бодрело од публиката, а на ревијата на национални костими се појавило во зелен фустан, сличен на оној што го носела мајка ѝ.

Порторико ќе биде домаќин и на следното издание на Мис Универзум, најавија организаторите на финалната вечер.

Поврзани содржини