„ФЕРХУНДЕ“ ПОД ИСТРАГА ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ДРОГА Ѕвездата од сериите „Кога лисјата паѓаат“ и „Величествениот“ ги негира обвинувањата 

Актерката Дениз Чакир, позната по улогата на Ферхунде во серијата „Кога лисјата паѓаат“ и на Шах Султан во серијата „Величествениот“, е пуштена на слобода со забрана за напуштање на Турција. По сослушувањето во Истанбул, таа изјавила дека користи лекови на рецепт, но никогаш не употребувала дрога.

0

Турската актерка Дениз Чакир беше приведена на 24 ноември во рамки на голема истрага за наводни кривични дела поврзани со дрога, во која се опфатени познати личности од турската естрада. Во акцијата биле издадени налози за приведување на 35 лица, а меѓу нив биле и пејачот и актер Озџан Дениз и актерката Бурџу Озберк.

По полициското испрашување, Чакир и уште осуммина осомничени биле изведени пред судија. На 26 ноември, судот одлучил да ги пушти на слобода со мерка за забрана за напуштање на земјата. Во рамки на истата постапка, пејачката Џејлан Каја била притворена под сомнение за перење пари.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Metin Özülkü (@metinozulku)

„Не користам дрога“

Турските медиуми ги објавија деталите од исказот на актерката пред обвинителството. Чакир ги негирала обвинувањата и објаснила дека користи само лекови што ѝ се препишани од лекар.

– Имам лекови што ги користам на рецепт. Освен тоа, никогаш не сум користела никаква дрога. Не познавам никого што продава дрога – изјавила актерката, пренесуваат турските медиуми.

Чакир, исто така, објаснила дека мобилниот телефон го користи со е-СИМ-картичка и затоа нема лозинка за СИМ-картичката. Нејзиниот исказ бил објавен откако таа веќе била пуштена на слобода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deniz Çakır (@denizcakir)

Истрагата продолжува, нема правосилна пресуда

Истрагата ја води Обвинителството во Истанбул, а се однесува на сомневања за употреба и поседување наркотични супстанции, нивна набавка и продажба, како и други кривични дела. Според турските медиуми, истражителите ги анализирале исказите на осомничените, сведочењата, мобилните телефони и други дигитални материјали, како и информации од тајни сведоци.

Надлежните досега не објавиле дека против Чакир е поднесено конкретно обвинение, ниту дека е утврдена нејзина вина. Мерката за забрана за напуштање на Турција е дел од судскиот надзор додека истрагата продолжува.

Дениз Чакир ѝ е позната на публиката во регионот по улогите во сериите „Кога лисјата паѓаат“ и „Величествениот“, во која ја толкуваше Шах Султан, сестрата на султанот Сулејман. Нејзиното приведување предизвика големо внимание во турските медиуми, особено поради тоа што во истата истрага се опфатени и други познати имиња од шоу-бизнисот.

Поврзани содржини