Холивудската актерка Ен Хатавеј ја потврди својата трета бременост и проговори за тешката и емотивна борба со плодноста низ која поминувала во изминатите години.
Неодамна, актерката објави видео на социјалните мрежи во кое го покажа трудничкото стомаче и ја потврди веста за третата бременост со пораката „Baby, I’m yours“.
Актерката, која има 43 години, претходно во повеќе интервјуа отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочувала при обидите да стане мајка по вторпат. Таа истакна дека процесот на забременување бил многу посложен отколку што јавноста најчесто претпоставува.
– Постои впечаток дека забременувањето е лесно и природно, но за многу луѓе тоа не е така. Тоа може да биде болен, осамен и емотивно тежок процес – изјавила Хатавеј во едно интервју во 2019 година.
Ен Хатавеј е во брак со Адам Шулман од 2012 година. Нивниот прв син, Џонатан, е роден во 2016 година, а вториот син Џек во 2019 година.
Актерката претходно откри и дека во 2015 година доживеала спонтан абортус, искуство кое, како што вели, оставило длабока емотивна трага.
View this post on Instagram