ПОЧИНА ЧОВЕКОТ КОЈ ГО СНИМАШЕ ЗВУКОТ НА „БИТЛСИ“ ВО НИВНИТЕ НАЈСЛАВНИ ГОДИНИ Фил Мекдоналд по распадот на групата работеше и со Џон Ленон и Џорџ Харисон

Неговата прва работа поврзана со „Битлси“ датира од 1965 година, а подоцна учествувал во снимањето на албумите „The Beatles“ (познат и како „Белиот албум“), „Abbey Road“ и „Let It Be“. За работата на „Аби роуд“ ја добил престижната награда „Греми“, која ја поделил со колегата Џеф Емерик.

1

Почина Фил Мекдоналд, музички продуцент и тонски инженер кој учествувал во создавањето на некои од најзначајните албуми на „Битлси“, меѓу кои и легендарниот „Аби роуд“. Имаше 80 години, а зад себе остави кариера во која соработувал и со Џон Ленон, Џорџ Харисон и други големи имиња на рок-музиката.

Веста за неговата смрт ја објавија од студиото „Аби роуд“, каде што Мекдоналд почнал да работи во 1964 година, на само 18 години. Кариерата ја започнал во библиотеката со магнетофонски ленти, а потоа работел во одделот за сечење плочи, пред да стане тонски оператор и инженер.






Неговата прва работа поврзана со „Битлси“ датира од 1965 година, а подоцна учествувал во снимањето на албумите „The Beatles“ (познат и како „Белиот албум“), „Abbey Road“ и „Let It Be“. За работата на „Аби роуд“ ја добил престижната награда „Греми“, која ја поделил со колегата Џеф Емерик.

По распадот на групата, Мекдоналд продолжил да соработува со нејзините поранешни членови. Работел на албумите на Џон Ленон „Plastic Ono Band“ и „Imagine“, а бил дел и од снимањето на „All Things Must Pass“ на Џорџ Харисон, во продукција на Фил Спектор.

Неговиот професионален потпис се наоѓа и на бројни други значајни изданија, меѓу кои „The Madcap Laughs“ на Сид Барет, „In Rock“ на „Дип парпл“ и „Layla and Other Assorted Love Songs“ на „Дерек енд д Доминос“. Добил и номинација за „Греми“ за албумот на Хари Нилсон „A Little Touch of Schmilsson in the Night“.

Во 2001 година Мекдоналд се повлекол од музичката индустрија и се преселил во САД со сопругата Сандра. Од студиото „Аби роуд“ го опишаа како исклучително вешт, доверлив и сакан колега, чие име останува поврзано со некои од најважните снимки во историјата на популарната музика.

Поврзани содржини