ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА БАРА МИР ВО АНГЛИСКО СЕЛО Сидни Свини ќе им биде сосетка на Бекамови и Елен Деџенерис, разгледувала луксузни куќи во Котсволдс

Сидни Свини разгледувала луксузни куќи во англискиот Котсволдс. Ако се пресели, би живеела во близина на Бекамови, Елен Деџенерис и други познати личности.

0

Сидни Свини, ѕвездата на сериите „Еуфорија“ и „Белиот лотос“, наводно планира да купи куќа во англиската област Котсволдс, позната како едно од омилените засолништа на богатите и славните. Актерката веќе разгледувала недвижности во живописно село, а доколку се реши на преселба, би добила навистина впечатливо соседство.

Според британските медиуми, Свини двапати ја посетила областа во последните десет месеци, а во изминатите три месеци разгледувала и конкретен имот. Извор близок до актерката тврди дека таа се воодушевила од мирниот селски живот, традиционалните куќи и атмосферата далеку од метежот на Лос Анџелес. Особено ѝ се допаѓало тоа што локалните жители се навикнати на познати лица и не ги вознемируваат славните гости.






Ако планот се реализира, меѓу нејзините познати соседи би можеле да бидат Дејвид и Викторија Бекам, Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси, како и Џереми Кларксон, водителката Клаудија Винклман и пејачот Џејмс Блант. Во пошироката област живеат и принцот Хари и Меган Маркл, кои исто така избраа мирен живот во англиско село.

Свини, наводно, сака да го дели времето подеднакво меѓу Велика Британија и САД, а со неа би се преселил и нејзиниот партнер, милионерот и музички менаџер Скутер Браун. Двојката се запознала на раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез во јуни минатата година. Актерката веќе има убави спомени од Котсволдс, каде што минатиот Божик престојувала во ексклузивниот клуб „Сохо Фармхаус“, уживала во јавање коњи и објавувала фотографии од одморот.

Постои и практична причина за нејзиниот интерес за овој дел од Англија. Студијата „Пајнвуд“, каде што се снимаат голем број големи филмски продукции, се оддалечени околу еден час. Тоа би ѝ овозможило да живее во мирното село, а сепак да биде блиску до работните обврски. Во моментов Свини снима филмска адаптација на новелата „The Custom of the Country“ на Едит Вортон, а нејзиното име се споменува и во шпекулациите за следниот филм за Џејмс Бонд.

Котсволдс со години привлекува богати купувачи и познати личности поради своите живописни села, камените куќи и зелените ридови. Според податоците на агенцијата „Савилс“, меѓународните купувачи лани учествувале со нешто повеќе од една петтина во продажбата на недвижности во вредност од најмалку 1,5 милион фунти во оваа област. Тоа е значителен пораст во однос на просекот од претходните пет години.

Поврзани содржини