ДИРЕКТОРОТ НА АХВ ОЛИВЕР МИЛАНОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА На негово место е назначен Јовица Андоновски
Засега ниту Миланов, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство не соопштуваат која е причината за оставката. Од Агенцијата ја отфрлија можноста состојбата со болеста сипаници кај овците и козите и необезбедените вакцини да е главната причина за оставката.
Директорот Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов вчера поднел оставка, а на негово место е назначен Јовица Андовски, досегашен заменик-министер за здравство од редовите на Социјалистичката партија.
Информацијата денеска ја потврди и Социјалистичката партија на Фејсбук. Партијата им се заблагодари на двајцата за досегашниот ангажман.
„Неговиот вложен труд и несебичен ангажман, високо оценети во СПМ и во јавноста, претставуваат негов личен залог за идно извршување на одговорни и високи должности во ресорот на извршно ниво“, напишаа од партијата.
Засега ниту Миланов, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство не соопштуваат која е причината за оставката. Од Агенцијата ја отфрлија можноста состојбата со болеста сипаници кај овците и козите и необезбедените вакцини да е главната причина за оставката.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.
Миланов вчера на Фејсбук објави дека пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите на аеродромот во Скопје од Турција.