10 ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ КУМАНОВО-СВЕТИ НИКОЛЕ Пожарникари ги извлекувале патниците
Од Клиничката болница во Штип изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди.
Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Од Клиничката болница во Штип за МИА изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди.
Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари вчеравечер околу 21 часот извлекувале повредени од возилата, по што тие биле преземени од Итната медицинска помош.
Се очекуваат официјални информации и од Министерството за внатрешни работи.