ЕДИ РАМА ГО ОТКРИ ЕДИНСТВЕНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА АЛБАНИЈА Три години испраќаат сајбер напади, а сега го нападнаа и проектот на Трамп

Рама остро ја критикуваше злоупотребата на слободата на информации на социјалните мрежи.

301

Aлбанскиот премиер Еди Рама силно го брани проектот за изградба на луксузно одморалиште, вреден 4 милијарди долари, во сопственост на инвеститорот Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, и тврди зад протестите стојат ирански хакери.

– Имаме еден непријател, единствениот непријател е Исламската Република Иран, а тие веќе три години спроведуваат немилосрден сајбер напад врз Албанија а сега се влезени во играта на протести против одморалиштата во кои инвестира Кушнер – изјавил Рама во интервјуто за CNN со новинарката Елени Ѓикос.






Тој ги поврзува масовните протести со широко распространета кампања на дезинформации и сајбер-напади преку лажни видеа и мрежи на ботови, предупредувајќи дека овие онлајн манипулации директно го поткопуваат функционирањето на современите демократии и политичките процеси во Европа.

Рама остро ја критикуваше злоупотребата на слободата на информации на социјалните мрежи.

Тоа е предизвикано главно затоа што Кушнер и Трамп се доволни за да натераат многу луѓе од различни земји и континенти веднаш да реагираат. Но, количината на дезинформации е голема, преку лажни видеа, видеа направени од протести во други земји и претставени како протести во Албанија.

– Оваа количина на лудило ги еродира нашите демократии одвнатре и го води европскиот простор во насоки кои, порано или подоцна, целосно ќе го уништат чувството за политика, донесување одлуки и компромис во овој дел од светот. Затоа, време е демократиите повеќе да не веруваат дека „слободата на информации“ е продолжение на слободата на изразување. Слободата на информации е она што секој режим, преку пропаганда, го користел за да всади лаги во секој ум – рече Рама.

Рама тврди дека мнозинството од албанскиот народ го сака овој проект.

Поврзани содржини