ЕМИРАТИТЕ ГО ОТВОРИЈА ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР Укинати мерките по тензиите на Блискиот Исток
По процена на безбедносната состојба, властите во ОАЕ ги укинаа ограничувањата, но следењето останува засилено поради регионалните тензии.
Воздушниот сообраќај над Обединетите Арапски Емирати повторно е нормализиран, откако беа укинати мерките на претпазливост, соопшти Генералната управа за цивилно воздухопловство на ОАЕ.
Одлуката, како што наведуваат надлежните, е донесена по сеопфатна процена на состојбата и во координација со релевантните институции, додека системите за следење во реално време остануваат активни со цел да се гарантира безбедноста.
Од Управата упатија благодарност до патниците и авиокомпаниите за соработката во периодот кога беа воведени мерките, додавајќи дека техничките и оперативните тимови остануваат подготвени да реагираат на евентуални нови ситуации.
„На јавноста ѝ се препорачува да се информира исклучиво преку официјални извори“, се наведува во соопштението.
Ова доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, по конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кога воздушниот простор над регионот беше под засилени безбедносни мерки.
Во изминатиот период, Емиратите беа изложени на закани од дронови и проектили, при што Техеран ги оправдуваше ваквите потези со присуството на американски воени бази на нивна територија.