🎥 ЕЛИОТ ПЕЈЏ ПО „ОДИСЕЈА“ ОСТАНА БЕЗ НОВИ ПОНУДИ Трансродниот актер призна дека тешко добива улоги
По пофалбите за улогата во филмот на Кристофер Нолан, Елиот Пејџ откри дека сè уште нема договорено нов проект и дека денес му е потешко да добие улога.
Елиот Пејџ откри дека по улогата во „Одисеја“ на Кристофер Нолан сè уште нема договорено нов актерски ангажман, иако неговата изведба во филмот наиде на одлични реакции.
39-годишниот актер во филмот го толкува Синон, грчки војник од Итака, а во епската адаптација на Нолан глуми покрај Мет Дејмон, Том Холанд, Ен Хатавеј и Роберт Патинсон. Филмот е еден од најголемите хитови годинава, па водителот на емисијата „On Film… With Kevin McCarthy“ го праша дали по премиерата постојано му ѕвони телефонот со нови понуди.
– Не, Кевин, не ми ѕвони. Значи, ако некој сака да ми се јави… – се пошегува Пејџ.
На прашањето дали сериозно сè уште нема договорено нов проект, актерот вели: „Всушност, немам“.
Пејџ би сакал повторно да работи и вели дека во моментов особено сака да избира квалитетни проекти. Тој смета дека сега е во период од кариерата кога би можел да ги оствари некои од своите најдобри актерски улоги.
– Навистина би сакал да работам на квалитетни проекти. Тоа е она што би сакал да го правам – рече актерот.
Пејџ смета дека начинот на кој го доживува филмската индустрија денес е поинаков од порано и признава дека можеби ќе мора самиот да преземе поактивна улога во барањето ангажмани.
– Претходно ме гледаа на одреден начин, а сега е поинаку. Можеби треба да им се јавувам на луѓето и на тој начин да создавам проекти и контакти – рече тој.
Пејџ, кој во 2020 година јавно објави дека е трансродова личност, зборуваше и за тоа како се чувствувал додека ги снимал своите постари филмови.
Се присети на филмот „Почеток“ (“Inception) од 2010 година, првата соработка со Нолан, и признал дека иако уживал во работата, лично се чувствувал непријатно.
– Одлично си поминав во тој филм и одлично ми беше да работам со Кристофер, но се чувствував многу непријатно сам со себе – рече Пејџ.
Денес, според него, таа внатрешна непријатност повеќе не е присутна и тоа му овозможува поинаку да пристапува кон актерството.
– Имам чувство дека сега би можел да ги направам некои од најдобрите улоги во кариерата – рече актерот.
Повторната соработка со Нолан во „Одисеја“ за Пејџ имала и силна емотивна страна. Тој откри дека по завршувањето на снимањето заплакал и го опишал моментот како затворање на еден важен животен круг.
Тој објасни дека денес, бидејќи се чувствува поповрзано со себе и посигурно во сопственото тело, може полесно да ѝ се препушти на актерската игра.