НА 33 ГОДИНИ ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА НА ДИЗНИ, КАРЛА ЏЕФЕРИ Колегите скршени по смртта на омилената актерка
Карла Џефери беше позната како Бри од филмската франшиза „Zombies“, а зад себе остави кариера што започнала уште кога имала само 12 години
Актерката Карла Џефери, позната по улогата на навивачката Бри во популарната филмска франшиза „Zombies“ на Дизни, почина на 1 септември на само 33 години. Нејзината смрт ја потврди агенцијата Alexanders Talent Management, која ја застапувала уште од нејзината 12-годишна возраст. Причината за смртта засега не е објавена.
„Со длабока тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Карла Џефери“, објавила нејзината менаџерка Карла Александер. Таа навела дека повеќе од 20 години имала можност да ја гледа како расте од талентирано девојче во „прекрасна, енергична и неверојатно талентирана жена“, чија насмевка можела да ја осветли секоја просторија. Агенцијата побарала приватност за семејството и блиските во овој тежок период.
View this post on Instagram
Џефери најголемата популарност ја стекна како Бри Пратл во филмовите „Zombies“, „Zombies 2“ и „Zombies 3“. Нејзиниот лик е средношколска навивачка која се спријателува со Адисон, главниот женски лик во приказната. Карла подоцна го позајми гласот на Бри и во анимираната серија „Zombies: The Re-Animated Series“.
Нејзината кариера, сепак, започна многу порано. Првата филмска улога ја доби во 2006 година во комедијата „Phat Girlz“, каде ја играше помладата верзија на ликот на Моник. Потоа се појавуваше во сериите „Curb Your Enthusiasm“, „iCarly“, „Good Luck Charlie“, „Shake It Up“, „Scream Queens“ и „American Vandal“, како и во други телевизиски проекти.
Веста за нејзината смрт особено ги погоди колегите од „Zombies“. Мајло Менхајм, кој го играше Зед, напиша дека Карла била „најслатката, најљубезната и најгрижливата личност“, додека Чендлер Кини, која ја играше Вила, порача дека Џефери била најсветлата личност во секоја просторија и дека „ова не изгледа реално“.
Тревор Тордман, кој го толкуваше Баки, напиша дека е без зборови и дека никогаш нема да ја заборави нејзината енергија и дух. Своја порака оставила и Ариел Мартин, која во франшизата ја играше Винтер, пишувајќи дека е без зборови и повторувајќи дека ја сака.
Интересно е што последната објава на Карла на Инстаграм била споделена на 26 јули, кога објавила фотографии и видеа од прославата на роденденот на нејзината колешка Мег Донели. На фотографиите е насмеана и расположена, а во пораката ѝ посакала прекрасен роденден и ѝ се заблагодарила за забавата.
View this post on Instagram
Карла имаше и брат близнак, Карлон Џефери, кој исто така е актер и поранешна ѕвезда на Дизни. Тој се прослави со улогата на Камерон Паркс во серијата „A.N.T. Farm“. Смртта на неговата сестра предизвика голема реакција меѓу нејзините пријатели, колеги и обожаватели, а засега семејството не соопштило дополнителни детали за нејзината смрт.