62-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ УМРЕЛ ДОДЕКА ВОЗЕЛ Минувачи го пронашле во Маџари

На на улицата Перо Наков во Скопје, во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат 62-годишен скопјанец, соопшти полицијата.

0

Утрово во 9 часот било пријавено дека на улицата Перо Наков во Скопје, во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат 62-годишен скопјанец, соопшти полицијата.

Според првичните информации, мажот починал додека го управувал возилото. Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.






Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на точните околности за настанот.

Поврзани содржини