КЕЈТИ ХОЛМС ЈА ПОТВРДИ НОВАТА ЉУБОВ НА ИНСТАГРАМ Објави фотографија со уметникот Јармоски и му порача „најдобар од најдобрите“

Кејти Холмс повеќе не ја крие романсата со уметникот Џејсон Бард Јармоски. По неколку месеци појавувања заедно, актерката ја потврди врската со емотивна роденденска честитка на Инстаграм.

26

Кејти Холмс (47) повеќе не ја крие својата нова љубов. Актерката објави интимна фотографија со уметникот Џејсон Бард Јармоски на својот Инстаграм и со тоа официјално ја потврди нивната врска.

Поводот беше неговиот роденден, а Холмс објави две фотографии. На првата, парот се смее и се гушка, додека Кејти нежно го држи Џејсон околу половината. На втората фотографија е роденденска торта со запалени свеќи.






– Среќен роденден на најдобриот од најдобрите… ❤️ – напиша актерката и го означи својот партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes)

Холмс сподели и видео од роденденската вечера. На снимката Јармоски седи на масата и ги дува свеќите на тортата, додека присутните му честитаат. Кејти седи покрај него, се насмевнува, а потоа двајцата се прегрнуваат.

Кејти и Џејсон првпат беа забележани заедно во јули, кога се држеа за раце на проекција на филмот „The Invite“ на Оливија Вајлд во Ист Хемптон. Извор тогаш за PEOPLE раскажал дека Џејсон ѝ шепотел нешто на Кејти, а таа цела вечер се смеела и изгледала многу опуштено покрај него. Во еден момент ја ставила главата на неговото рамо.

Подоцна извор близок до актерката откри дека двајцата се запознале на вечера и веднаш си се допаднале.

– Отишле на состанок набргу потоа и таа го смета за интересен – рекол изворот, додавајќи дека Холмс отсекогаш ја привлекувале креативни луѓе и дека сака да биде опкружена со личности кои се страствени за она што го работат.

Нивната врска продолжила да се развива, па во август беа забележани и на приватен настан организиран од Мајкл Корс во чест на 45-годишнината на неговата модна колекција. Парот таму позирал и со познатиот дизајнер.

Џејсон Бард Јармоски е њујоршки уметник познат по слики и цртежи во кои често се занимава со теми како времето, стареењето и сеќавањето. Завршил на School of Visual Arts во Њујорк во 2010 година, а неговите дела биле изложувани и во музеи низ САД.

За Кејти Холмс, ова е прва врска која јавно ја потврдува по неколку години. Таа претходно беше во брак со Том Круз, со кого ја има ќерката Сури, а нивниот брак заврши со развод во 2012 година.

Поврзани содржини