ЌЕ СЕ ОТВОРАТ СТАРИТЕ ДЕЛА НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ Судскиот совет ќе утврдува дали имало пропусти
Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа сите списи за претходните дела на Васил Јованов кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на Партизанска, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки.
– Започнавме со разгледување на случаите, а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет и по извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став дали имало пропуст или немало. Ќе бидат разгледани сите забелешки кои што беа изнесени во јавноста и по сите нив ќе се постапува – рече претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.