ДЕНЕСКА ТРГНУВА ПРВИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО КУМАНОВО Патувањето ќе трае 41 минута

Ќе имаме четири воза дневно кои што ќе оперираат за 41 минута, ќе се согласите сите навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута, што многу ќе ја олесни комуникацијата помеѓу овие два града, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.

666

Денеска во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Ваквата иформација ја објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по денешната посета на „Железници Транспорт”.

– Денеска сме во Македонски железници Транспорт за да соопштиме една убава вест, нешто што го ветивме денеска ќе се реализира. Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, тоа го ветивме на отвoрањето на железничката прга Куманово-Бељаковце, и еве од денеска е вистина. Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16:30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје – изјави вицепремиерот Николоски.






Николоски посочи дека од центарот на Скопје до центарот на Куманово ќе се патува за 41 минута што според него е прилично брзо и на тој начин ќе се олесни комуникацијата помеѓу градовите.

– Ќе имаме четири воза дневно кои што ќе оперираат за 41 минута, ќе се согласите сите навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута, што многу ќе ја олесни комуникацијата помеѓу овие два града, ќе олесни комуникација за сите жители на Скопје кои што имаат потреба, работа или сакаат да го посетат Куманово, и секако ќе помногне на многу кумановци кои што доаѓаат тука, дали за работа, дали за образование, дали за здравствени потреби, административни потреби или едноставно доаѓат да поминат дел од своето слободно време, така што овој воз навистина многу ќе помогне во комуникацијата меѓу Скопје и Куманово, ќе го намали загадувањето, затоа што ќе се намали сообраќајот, се се намали и гужват во сообраќајот и најбитно точно ќе знат луќето кога треба да пристигнат, со цел точно да можат да ги завршуваат своите работи – изјави Николоски.

Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно.

Поврзани содржини