ЌЕ СЕ ГРАДАТ 16 МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ НА СИСТЕМОТ ЗЛЕТОВИЦА Светска банка даде грант од 2 милиони долари за ажурирање на документација на двете последни фази од проектот

Според предвиденото втората фаза од реализацијата на проектот предвидува водоснабдување на 4.500 хектари земјодлеско земјиште во општините Пробиштип и Кратово.

24

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична енергија”.

Грантот ќе го имплементира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку постојната единица за имплементација на проектот финансиран од Светската банка за модернизација на земјоделството, додека краен корисник ќе биде ЈП Хидросистем „Злетовица” – Пробиштип.






Имплементацијата ќе се реализира во период од 18 месеци, од 1 јули 2026 година до 31 декември 2027 година.

Со реализацијата на проектот ќе се обезбеди сигурно и одржливо водоснабдување за земјоделските површини, што значи поголема продуктивност, поквалитетни приноси и поголема конкурентност на македонското земјоделство.

Со фазата 2  на хидросистемот Злетовица е предвидено наводнување на 4.500 хектари земјоделска површина, и тоа 3.552 хектари во општина Пробиштип и  957 хектари во општина Кратово.

Фазата 3-енергетика предвидува изградба на 6 мали хидроцентрали со капаците од 9.90MW  и со годишно производство на електрична енергија од 49,5 GWh.

Првата фаза од проектот  – водоснабдување од проектот ХС “Злетовица”  заврши со изградба во 2010 година кога се изградени браната „Кнежево” со придружните објекти како централен објект и два зафати со доводни цевковод за водоснабдување на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.

Поврзани содржини