МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПРОМЕНИ КАЈ АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВА ПО КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Македонија е единствена земја со цена на дизелот пониска од онаа на бензините

Премиерот не очекува големи поместувања кај цените на бензините.

3

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поголемо поместување кај цената на бензините, во однос на претходната недела и како што рече денеска би имало нивелирање за околу половина денар на безоловниот и на дизел горивото.

– Со тоа повторно остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата – рече Мицкоски.






Тој повтори дека ќе мора да се прават промени во акцизната политика затоа што сме, посочи, единствениот случај каде што дизел горивото е поевтино од безоловниот бензин.

– Нека се стабилизира кризата, нека легнат работите. Мислам дека акцизите треба за едните и за другите горива да се нивелираат, со тоа што едните ќе се намалат, а другите ќе се зголемат. Такво е искуството и примерот во сите соседни земји, никаде немаме толку драматично поевтин дизел отколку што е безоловниот бензин. Секаде во принцип дизелот е поскап и тоа многу поскап од безоловниот бензин. Нека легнат работите, нека конечно дојде очекуваниот мир и да почнеме да размислуваме во таа насока – рече Мицкоски

Поврзани содржини