БУЏЕТАРИТЕ ИМААТ СМЕТКИ ВО ТРЕЗОРОТ, ЗАТОА НЕМА РИЗИК ЗА ДРЖАВНИТЕ ПАРИ Димитриеска Кочоска тврди дека единствена трансакција направена кон Алта банка е уплата на провизии за пензиите

Министерката за финансии е децидна дека МФ немало никакво учество при преземањето, односно купувањето на банката, ниту дало, како што рече, давало согласност за продажба.

1

Состојбата е стабилна и нема никаков ризик од каква било финансиска нестабилност во државата поради случајот со Алта банка Битола. Буџетските корисници имаат сметки во трезорот, а единствените трансакции што се прават од Министерството за финансии кон сите банки, не само кон Алта банка, се провизиите кои се плаќаат кога се исплаќаат пензиите, рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на надзорната расправа, пред Комисијата за финансирање и буџет.

Министерството за финансии (МФ), напомена, не гледа никаков ризик од пропаѓање на какви било средства, зашто буџетските корисници во Алта банка немаат ниту средства, ниту депозити.






Димитриеска-Кочоска, одговорајќи на прашања од пратениците, уште еднаш укажа да се разграничат надлежностите на институциите.

Таа е децидна дека МФ немало никакво учество при презеањето, односно купувањето на банката, ниту дало, како што рече, давало согласност за продажба.

-Немаме никаква надлежност во целата постапка за продажба, а супервизија и надзор врши Народната банка – рече Димитриеска-Кочоска.

Поврзани содржини