🎥 ВАКА СЕ КАПЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК Во одело скокна во базен и ја отвори сезоната

2

 

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, привлече големо внимание откако свечено ја отвори летната сезона на градските базени со необичен потег – облечен во темно одело, кошула и вратоврска скокна во базенот „Томас Џеферсон“ во Источен Харлем.






Станува збор за стара градска традиција што не била практикувана повеќе од една деценија. Со симболичниот скок беше означен почетокот на работата на повеќе од 50 јавни отворени базени во Њујорк, кои ќе бидат достапни за граѓаните во текот на летото.

Градските власти со настанот одбележаа и 90 години од отворањето на првите јавни базени во градот, а Мамдани порача дека тие се важен простор за рекреација, безбедност и разладување во жешките летни денови.

 

 

Поврзани содржини