ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Беше еден од најголемите музичари со препознатлив глас

Јаневски ќе остане запаметен и како првиот официјален претставник на Македонија на изборот за песна на Евровизија, кога во 1998 година во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

118

По кратко боледување, на 66-годишна возраст по кратко боледување почина познатиот музичар и пејач Владо Јаневски.

Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.






Зад себе остави богато музичко творештво и хитови кои станаа безвременски, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и литература, а во текот на својата кариера беше член на неколку музички состави, меѓу кои „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Свиреше клавир, гитара и тапани.

Остави шест студиски албуми, со кои изгради препознатлив музички стил и стекна генерации обожаватели во Македонија и регионот.

Јаневски ќе остане запаметен и како првиот официјален претставник на Македонија на изборот за песна на Евровизија, кога во 1998 година во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Во текот на кариерата учествуваше и на бројни домашни и меѓународни музички фестивали.

Поврзани содржини