ЛИНА Е СПРЕМНА ЗА АНИСИМОВА, TAA BEЌЕ ИСПИША ИСТОРИЈА Македонката без притисок влегува во најголемиот предизвик во кариерата

Првата Македонка во главната ждрепка на Вимблдон влегува во мечот со Аманда Анисимова во одлична здравствена и натпреварувачка состојба. Нејзиниот тренер вели дека притисок не смее да има, бидејќи Лина Ѓорческа веќе испиша историја.

0

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се чувствува одлично и подготвено пред мечот на ланската финалистка на Вимблдон, Амана Анисимова, вели тренерот на Ѓорческа за „Мундокаст“ на 4news.

– Мислам дека еуфоријата повеќе се чувствува таму во Македонија, во сите медиуми и портали. Кај нас тој прв бран на емоции по пласманот во главниот турнир веќе помина. Влезени сме во нормален процес на тренирање и подготовки за мечот кој следи. Лина се чувствува одлично, здравствено е сè супер и сè е подредено на тој настап – изјави Димитар Лабудовиќ ексклузивно за „Мундокаст“ велејќи дека со 3 меча зад себе Лина е навикната на условите.






Ѓорческа која стана првата Македонка која ќе учествува во главната ждрепка на еден гренслем турнир – легендарниот Вимблдон. Таа го оствари својот сон. Со убедлива победа во квалификациите обезбеди пласман на најпрестижниот гренслем во светот.

Осврнувајќи се на досегашниот успех на Лина,  Лабудовиќ вели дека и не треба да има притисок за претстојниот меч.

– На крајот од денот, притисок не треба да има. Лина нè стави на светската тениска мапа, сите сме зад неа, па нека му ја мисли Анисимова -самоуверено порача тренерот и ипрати силна порака да се вреднуваат и поддржуваат македонските спортисти, а не само „да ги тапкаме спортистите по рамо“.

МОЖЕБИ СМЕ МАЛА ЗЕМЈА, НО ИМАМЕ ОГРОМНО СРЦЕ Ѓорческа вели дека пласманот на Вимблдон е остварување на сонот

 

Поврзани содржини