МОЖЕБИ СМЕ МАЛА ЗЕМЈА, НО ИМАМЕ ОГРОМНО СРЦЕ Ѓорческа вели дека пласманот на Вимблдон е остварување на сонот

Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце, вели Лина Ѓорческа која стана првата тенисерка од Македонија која ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон, по убедлива победа во финалето на квалификациите.