МАКЕДОНЕЦ ЌЕ ГО ТРЕНИРА ТИМОТ НА ДЕЈВИД БЕКАМ ВО АНГЛИЈА Петар Чкламовски е новиот тренер на Салфорд Сити
Чкламовски предходно постигна успех како тренер за голем број клубови во Јапонија, а не толку одамна и како тренер на Малезија.
Петар Чкламовски, фудбалски тренер со македонско потекло роден во Австралија, е новиот тренер на Салфорд Сити во Англија.
Сопственици на Салфорд Сити се легендите на Манчестер Јунајтед – Гари Невил и Дејвид Бекам.
Чкламовски предходно постигна успех како тренер за голем број клубови во Јапонија, а не толку одамна и како тренер на Малезија.
Пред тоа, тој беше помошник на Енџи Постекоглу, најуспешниот тренер од Австралија.