ДВЕ СЕМЕЈСТВА, ЕДНА КУЌА И ПЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО ТЕПАЧКА Роднинска расправија во Тетово прераснала во драма

Во инцидентот бил употребен и метален предмет, а петмина завршиле во полициска станица.

84

Петмина членови на две семејства кои живеат во иста куќа во Тетово се приведени по меѓусебна физичка пресметка што избувнала синоќа. Според полицијата, расправијата започнала како вербален конфликт, а потоа прераснала во тепачка. Во еден момент, 42-годишен маж со метален предмет нападнал тројца свои роднини и им нанел повреди.

Приведените се задржани во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави.






Поврзани содржини