ГОСТИВАРКА ПРИЈАВИЛА ДОЛГОГОДИШНО НАСИЛСТВО Полицијата пронашла ловечка пушка во домот на осомничениот
По судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, при што била пронајдена ловечка пушка што му припаѓала на неговиот починат татко.
Дваесет и двегодишна жена од Гостивар пријавила дека подолг период била изложена на физичко и психичко насилство од нејзиниот партнер.
Според пријавата, пред три години тој ѝ нанел тешка телесна повреда, а пред една недела повторно физички ја нападнал и упатил закани кон неа и нејзин пријател.
По судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, при што била пронајдена ловечка пушка што му припаѓала на неговиот починат татко.
Случајот се расчистува, а против осомничениот ќе бидат преземени соодветни законски мерки.