ИЗБИ ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАР Петмина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипи на скопската противпожарна бригада, а за случајот е известен јавен обвинител. Причините за избувнувањето на пожарот се испитуваат.

85

Пет лица завршиле на лекарски преглед откако ноќеска избувнал пожар во поткровје на станбена зграда во скопската населба Центар.

Најпрво двајца скопјани, на возраст од 54 и 49 години, се обиделе сами да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, но при тоа вдишале чад и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.






Подоцна, поради истата причина, лекарска помош побарале уште три лица.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипи на скопската противпожарна бригада, а за случајот е известен јавен обвинител. Причините за избувнувањето на пожарот се испитуваат.

Поврзани содржини