МАКЕДОНИЈА ДОБИ ПРИСТАП ДО 4,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА OД ЕУ ЗА ЗДРАВСТВО Се отвораат можности за нови проекти и грантови
Македонија стана дел од програмата EU4Health, најголемата здравствена програма на Европската Унија. Со тоа, институциите добиваат пристап до европски грантови, партнерства и проекти вредни 4,4 милијарди евра.
Програмата е најголемата инвестиција на ЕУ во областа на здравството и располага со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра.
Со пристапувањето, Македонија ќе може да учествува во европски повици, грантови, заеднички проекти, јавни набавки и партнерства со институции од земјите членки.
Средствата ќе можат да се користат за развој на дигиталното здравство, скрининг-програми, рана детекција на болести, онкологија, кардиоваскуларно и ментално здравје, како и за подобрување на подготвеноста при здравствени кризи.
– Договорот предвидува ослободување од ДДВ, царини и други фискални давачки за добра и услуги финансирани преку програмата. Тоа е важно бидејќи европските средства треба во најголема можна мера да бидат насочени кон реализација на проекти од јавен интерес и кон подобрување на здравствените услуги за граѓаните – додаде Алиу.
Министерството најави дека веднаш почнува подготовка на институциите и мапирање на потенцијалните корисници за учество во европските повици.