📽️ НЕ ПОПУШТИЛА, СЕ ДРЖЕЛА ЗА РАМКА ДОДЕКА ПАЃАЛЕ КАТОВИТЕ Венецуелка даде изјава неколку секунди по спасувањето
Грасиела Мора била свесна додека спасувачите ја извлекувале од урнатините во Ла Гваира. Неколку моменти по спасувањето, сè уште на носилка, таа раскажала како се држела за рамката од вратата додека зградата се урива.
Венецуелката Грасиела Мора успеала да преживее под урнатините на срушена зграда во венецуелскиот град Ла Гваира. Додека спасувачите ја извлекувале на безбедно, таа била свесна и зборувала за драмата што ја преживеала за време на разорните земјотреси.
– Кога почна земјотресот, се држев за рамката на вратата најсилно што можев. Толку силно што си го скршив прстот – раскажала Мора.
Според нејзиното сведоштво, останала да се држи за рамката сè додека катовите над неа почнале да се уриваат.
Видела рака меѓу урнатините
Најемотивниот момент дошол кога низ правот и бетонските блокови забележала рака.
– И тогаш видов рака и ја зграпчив – рекла Венцуелката.
Токму тогаш сфатила дека спасувачите стигнале до неа.
Снимката од нејзиното спасување брзо се прошири на социјалните мрежи и стана еден од симболите на трагедијата што ја погоди земјата.
‘Até agora ainda não tive chance de chorar’💥🇲🇽 Graciela Mora estava consciente ao ser resgatada dos escombros de um edifício que desabou em La Guaíra, uma cidade litorânea próxima à capital da Venezuela, Caracas. Mais sobre o terremoto: https://t.co/KJMeq5Z4bV pic.twitter.com/S7YTIuxFOy
— BBC News Brasil (@bbcbrasil) June 26, 2026
По илјадници луѓе сè уште се трага
Спасувачките екипи и натаму водат трка со времето низ урнатините.
Според последните податоци, повеќе од 50.000 лица сè уште се водат како исчезнати.
Потврдена е смртта на најмалку 235 луѓе, а над 4.300 се повредени.
Во многу населби граѓаните сами копаат низ урнатините, често со голи раце, бидејќи недостига механизација и спасувачка опрема.
Помош од целиот свет
Американската војска веќе испраќа транспортни авиони и бродови со помош.
Кон Венецуела се упатени и специјализирани спасувачки тимови со кучиња-трагачи.
Катастрофата беше предизвикана од два силни земјотреси од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
И двата потреса биле релативно плитки, што дополнително ги зголемило разорните последици врз населените места во северниот дел на земјата.